ДМ итно повлекува еден производ, купувачите се предупредени да не го користат

Со цел да се заштитат потрошувачите, ДМ еден од најголемите ланци на дрогерии во Европа на територијата на Босна и Херцеговина го повлекува производот dmBio бадеми зачинети со јапонски тамари соја сос, 50 ​​грамски, јавуваат тамошните медиуми.

Македонските надлежни институции засега немаат известување дали овој производ се продава во нашата земја.

Како што јавуваат медиумите, ДМ ги повикува сите клиенти кои веќе го купиле овој dm производ да престанат да го користат и да го вратат, отворен или неотворен, во најблиската продавница каде што ќе добијат рефундирање и без да ја покажат сметката.

Advertisements

Повлекувањето не се однесува на други производи од асортиманот на dmBio, ниту на други датуми на истекување на овој производ.

„Квалитетот на производите и безбедноста на клиентите ни се од големо значење. Жалиме за овој настан и им се извинуваме на нашите клиенти за непријатностите, но и ви благодариме за разбирањето“, велат од ДМ.