Вицепремиерот Артан Груби ги повика ВМРО-ДПМНЕ на седница на Собрание со две точки на дневен ред, првата за уставни измени и втора точка распуштање на Собранието и предвремени избори.
„Знам дека и премиерот Ковачевски, претседателот на СДСМ, ќе се сложи со ова, и господинот Ахмети исто така. Да одиме на седница на Собрание со две точки на дневен ред. Прва точка уставни измени, втора точка распуштање на Собранието и предвремени избори. Бујрум нека влезат нека гласаат, одеме на избори, изјави Груби вечерва во гостувањето на телевизијата „Канал 5“.