По големиот триумф во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, Бојан Илиевски наскоро се враќа во Македонија, каде што го очекува топол пречек од семејството, пријателите и бројните обожаватели.
Младиот пејач во емисијата „Гранд Специјал“ откри дека по завршувањето на обврските во Србија се враќа во својата татковина, каде што неговите најблиски веќе подготвуваат изненадување.
– Утре, по уште некои обврски што ги имам, се враќам во Македонија. Таму ме чекаат моите пријатели, мојата роднина… Нешто организирале, но ни јас сè уште не знам додека не пристигнам. Тоа е изненадување – изјави Бојан.
Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ призна дека сè уште не може да ги среди впечатоците од историската ноќ и дека не очекувал толкава поддршка од публиката.
– Атмосферата од вчера сè уште ме држи. Не го очекував ова. Телефонот ми се блокираше од толку многу пораки. Баба ми е најсреќна, утрово кога станав таа беше во солзи, а јас ѝ велам: „Вчера плачеше, па сега пак плачеш“ – рече Бојан.
Покрај победата, младиот пејач денес ја претстави и својата нова песна, која веднаш предизвика бројни емоции кај публиката.



