Чувствувам одговорност, застанав зад слаб менаџер како Арсовска, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интевју за МТВ

Чувствувам одговорност бидејќи застанав позади човек кој се покажа слаб менаџер и наместо тоа што се боревме и наместо за тоа што беа нашите вредности, се залага за поинакви кои немаат врска со потребите на Скопје, изјави вечерва Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за МТВ.

Тој вети дека ќе направи се за да ја исправи грешката и концептот „За модерно Скопје“ да заживее.

– Тоа што го кажува СДСМ е реторика на СДСМ и тие сакаат да водат политика, од една страна седат во иста канцеларија со Арсовска и ја договараат стратегијата, ти немој да работиш, ние ќе те напаѓаме тебе и ВМРО-ДПМНЕ, а од друга страна не се секирај ние сме тука за тебе се што треба ќе ти излеземе во пресрет кога станува збор за твоите интереси. Гледаме дека оваа коалиција е деструктивна за животот на Скопјани и таа ќе биде поразена, изјави Мицкоски.

Advertisements

Според  лидерот на опозициската партија,се поочигледна е коалицијата помеѓу Арсовска и Ковачевски и вели дека „скапо платени советници, ги советуваат да таа ги растури пердувите, а после неколку дена медиуми блиски до власта и Ковачевски тоа го повторуваат, а знаете дека 100 пати повторена лага кај некои за жал ќе биде вистина“.

Во врска со нападите на Арсовска и искажаните ставови за некакви закани Мицкоски истакна дека е згрозен и шокиран од таквите лаги кои ги отфрла како неточни и дека Арсовска наместо да работи за Скопје се фокусира на лаги.

– Жалам што направив погрешна проценка за карактерот на човекот кој го поддржав денеска да биде градоначалник на Скопје. Верував бидејќи препораките и биографијата беа солидни и до ден денеска верувам дека тогаш направивме вистински чекор, бидејќи направивме победник, но жалам што поддржав човек кој сега се фокусира на ниски страсти, лаги, конструкции поучен од не многу ликови кои се дел од нејзиното опкружување наместо да испорачува за Скопје, таа се фокусира да растура пердуви за мене и лаги и конструкции, рече Мицкоски.