Поранешен полицаец осуден на 18 години затвор за силување дете доби помала казна од Апелацискиот суд

Апелацискиот суд во Скопје му ја намалил казната на поранешниот полицаец Александар Костовски, како што објави порталот „А1он“ осуден на 18 години затвор од скопскиот Кривичен суд за трговија со малолетничка и за силување на нејзиниот брат.

Со новата одлука на Апелација, казната му се намалува за две години, односно на 16.

Advertisements

Како што пишува А1 он, апелациските судии ја намалиле казната ценејќи ги олеснувачките околности дека обвинетиот не е претходно осудуван и против него не се водат постапки за други кривични дела, коректното однесување што го покажал пред судот и  даденото признание за вина за сторените кривични дела.

Судиите од Апелација ја отфрлиле жалбата поднесена од обивнителката Наташа Поп-Трајкова, која бараше на осудениот да му се изрече повисока казна од првично пресудената.

Поранешниот полицаец Костовски во текот на судењето призна дека користел сексуални услуги од детето помало од 14 години, и дека тоа го правел цели три години. Тој извршил и друго полово дејствие врз братот на девојчето.