Од Центарот за управување со кризи попладнево предупредуваат за можни излевања на водотеците поради врнежите и поројни дождови во одредени региони.
Како резултат на врнежите во изминатиот период и топењето на снегот, земјата е заситена со влага и се очекува брза реакција на помалите реки и суводолици низ земјава каде на места се можни локални излевања..
И кај поголемите реки се очекува зголемување на водостојот а пред се на водотеците во западниот дел на земјата каде во сливот на Радика, Сатеска, Треска и горниот дел од сливот на Вардар се очекуваат значително високи водостои, велат од ЦУК, кои препорачуваат претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот и утрешниот ден.
Од УХМР за денес попладне и во ноќните часови најавуваат врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни, така што локално се очекуваат над 30 l/m2 дожд.