Соединетите Американски Држави(САД) не гледаат смисла да испратат тенкови Абрамс во Украина, изјави денеска претставничката на Пентагон Сабрина Синг.
Високите трошоци за одржување на тенковите Абрамс го прават бесмислено нивното доставување во Украина во овој момент, рече Синг, потсетувајќи дека тенкот работи на авионско гориво.
Според неа, Германија е слободна да одлучи каква помош ќе и пружи на Украина.
Правиме се што можеме за да ја поддржиме Украина во нејзините потреби, рече Синг.
Пратениците во Бундестагот денеска не можеа да гласаат за испорака на борбени тенкови „Леопард 1“ и „Леопард 2“ за Украина, бидејќи некои партии беа против тоа, па работата беше префрлена на надлежната собраниска комисија.