Данела Арсовска сведочи за закани од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – „Ќе те влечеме по улици, ќе го бришеме подот со тебе“

Сум имала закани од Христијан Мицкоски и тоа конкретно, лично и директно: „Кога ќе бидам премиер, ќе те влечеме по улиците, ќе го бришеме подот со тебе“, изјави вечерва  Данела Арсовска во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

– Верувам дека не жена, ниту еден човек не треба да биде ставен под таков притисок. На оној што ги искажува овие закани не треба да му се дозволи ниту еден момент да биде во функција во која што ќе може да ги исполни овие закани. Ако Мицкоски сакал да биде градоначалник, можел да излезе пред граѓаните и да види дали ќе добие доверба, изјави Арсовска која тврди дека  имала закани од еден ист центар и дека со истото се соочиле повеќе луѓе.

Advertisements

На прашање на новинарот таа одговори дека нема причина да размислува да се повлече од функцијата, а ги негираше и обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека имала тајна средба со премиерот Димитар Ковачевски.

Градоначалничката изјави дека останува на ветувањето за бесплатен превоз за граѓаните и смета дека тое не е невозможно да се реализира.