Два месеци откако синот на Али Ахмети влезе во енергетскиот сектор отворајќи ја компанијата за производство на електрична енергија „Тхеас Енергу ДООЕЛ“ во кичевски Зајас, Шкумбин Ахмети со нова инвестиција го шири бизнисот преку нова фирма, овој пат со странски партнери, открива „А1он“.
На 22 февруари, компанијата на Шкумбин Ахмети, „Тхеас Енергу ДООЕЛ“, заеднички со „СЕЕ Повер ДОО Скопје“ основаат нова компанија под името „Мега Повер ДОО Скопје“, чија дејност ќе биде производство на струја. Седиштето на партнерската компанија е регистрирана во скопската населба Бардовци.
Сопствениците, пишува порталот, на „Сее Повер ДОО Скопје“ се странски државјани – од Израел и Романија и генерално непознати за јавноста. Освен името и презимето на Индиецот Ранјит Наиак.
Прочитајте го целото истражување на А1.он.мк