Државниот инспекторат и вечерва е на терен да проверува по која цена се продава лебот. Според информациите на Прес24, досега има казнето четири пекари.
Од нив три се во Скопје, а една е во Куманово. Тие, како што јавува порталот, не ја почитувале одлуката на Владата, за тоа максималната цена на лебот да биде 33 денари, туку си го продавале по повисока цена.
Станува збор за мали и средни пекари. Големите производители на прехрамбени производи не се казнети.
„Недозволиво е основен продукт да не им биде достапен на граѓаните! Затоа апелирам да се почитува Одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот, а граѓаните нека бидат без грижа затоа што лебот кој е опфатен со Одлуката ќе им биде достапен“, извести претходно Горан Трајковски, директорот на Државниот пазарен инспекторат.