Дојави за поставени бомби во 33 училишта во Скопје

Денеска, околу 12.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје била упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.