Пратеникот Звонимир Стевиќ од Социјалистичката партија на Србија (СПС) денеска поднесе оставка од пратеничката функција, откако во медиумите и на социјалните мрежи беше обвинет дека на седницата за Косово гледал „филмови за возрасни“, објави „Политика“.
Пред тоа лидерот на СПС, Ивица Дачиќ изјави дека Стевиќ треба да поднесе оставка и дека тоа очекува да го стори пред почетокот на денешната седница на српскиот парламент.
Медиумите објавија дека пратеникот од СПС, Звонимир Стевиќ, кој е од јужната српска покраина, гледал филмови за возрасни за време на специјалната парламентарна седница за Косово и Метохија.
Advertisements