Двојно убиство во Кратово – ги убила сопругот и свекорот во семејната куќа

Во Кратово синоќа се случило двојно убиство – приведена е 37-годишна жена која со нож ги убила сопругот и свекорот..

Причината за убиството се уште не е позната. Осомничената В.И. (36) од Кратово е приведена вчера околу 22 часот.

-Таа се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди, информира МВР.

Advertisements

По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција.

В.И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.