Евакуирани учениците од неколку средни училишта, повторно добиле закани за поставени бомби

Средните училишта во Скопје „Јосип Броз Тито“, „Гeорги Димитров“, „Никола Карев“ се соочуваат со закани за поставени бомби од рано утринава. Учениците се евакуирани и чекаат надвор од училишните објекти додека не завршат проверките на полицијата.

Овие училишта, како и претходно, на службените мејлови добиле закани за поставени експлозивни направи.

Освен во Скопје евакуирани се и неколку  училишта и во Куманово.

Advertisements

Закани за бомби биле испратени и до училиштата во Аеродром, „Лазо Ангеловски“, „Љубен Лапе“, „Александар Македонски“ и „Браќа Миладиновци“.