Средните училишта во Скопје „Јосип Броз Тито“, „Гeорги Димитров“, „Никола Карев“ се соочуваат со закани за поставени бомби од рано утринава. Учениците се евакуирани и чекаат надвор од училишните објекти додека не завршат проверките на полицијата.
Овие училишта, како и претходно, на службените мејлови добиле закани за поставени експлозивни направи.
Освен во Скопје евакуирани се и неколку училишта и во Куманово.
Advertisements
Закани за бомби биле испратени и до училиштата во Аеродром, „Лазо Ангеловски“, „Љубен Лапе“, „Александар Македонски“ и „Браќа Миладиновци“.