Евроамбасадорот Гир за борбата со корупцијата: Убавите зборови и изјави не се доволни

Убавите зборови и изјави не се доволни. И покрај тврдењата на високите функционери дека е направен прогрес во борбата со корупцијата, државата мора да направи уште повеќе, порача евроамбасадорот Дејвид Гир во своето обраќање на отворањето на Регионалната конференција за борба против корупцијата, што се одржа денеска во Скопје во рамки на соработката со Регионалната антикорупциска иницијатива и Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал.

„Сето ова, во период кога Северна Македонија како држава која преговара за членство во ЕУ, мора да направи сериозен напредок во областа на фундаменталните права, што вклучува борба со корупцијата и зајакнување на владеењето на правото“, рече евроамбасадорот Гир.

Ерик Мејер, заменик шефот на мисијата во амбасадата на САД во Северна Македонија, порача дека САД „слуша“ и очекува испорака на резултати.

Advertisements

„Како што реков САД слуша, и особено очекуваме резултати со 10 милиони долари кои што ги вложивме во судството во Северна Македонија до ден денеска. Блиску го следиме она на што се обврзавте и дали ги исполнивте обврските. Она што беше лани усвоено треба да не доближи поблиску до пристапот во ЕУ и особено за вашите граѓани и глобалната безбедност во светот“, рече Мејер.