Филипче им порача на пратениците на СДСМ да бидат вистински претставници на граѓаните во Собранието

Претседателот Венко Филипче ги започна редовните координации со пратеничката група на СДСМ, за организирано и силно делување во македонското Собрание, информира партискиот прес центар.

Денес се одржа првата средба со која се означува почетокот на новото политичко делување на партијата.

На средбата се разговарало за актуелните закони кои ги предлага Владата и предлозите на кои СДСМ работи и ќе ги достави до Собранието.

Advertisements

-Нашиот примарен фокус е да ја обновиме довербата кај грѓаните а пратениците на СДСМ да бидат вистински претставници на граѓаните во Собранието. Затоа, согласно моите ветувања пред членството, секој од пратениците ќе има редовни средби со граѓани во изборните единици од каде ја добија довербата и ќе биде во постојан контакт со потребите на луѓето. Преку канцелариите на пратениците и редовните средби со граѓаните, ќе осигураме дека политиките и предлозите на СДСМ ќе бидат во тесна врска со потребите и очекувањата на граѓаните, рече Филипче.

СДСМ, како што било заклучено на средбата, ќе делува конструктивно во интерес на граѓаните и будно ќе ја следи работата на Владата и законите кои ги предлагаат.