Фирмата на сопругата на премиерот ќе добие државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен – ќе гради фотоволтаична централа

Владата ја задолжи општината Радовиш да и продаде на фирмата во која една од сопствениците е сопругата на премиерот, државна парцела за изградба на фотоволтаична централа. Владата не кажува по која цена ја продала парцелата, но според тафирникот, цената е 70 денари за метар квадратен, пишува Радио Слободна Европа.

Фирмата во која сопственички удел има сопругата на премиерот Димитар Ковачевски ќе добие државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен за изградба на планирана фотоволтаична централа. Владината одлука за продажба на 1.119 метри квадратни земјиште во радовишкото село Раклиш ја потпишал првиот вицепремиер Артан Груби на владината седница на 14 март годинава.