Финска е најмладата членка на НАТО, заврши ерата на воена неутралност

Финска стана 31-та членка на Североатлантската Алијанса. Со свечена церемонија знамето на ова нордиска земја беше подигнато пред седиштето на НАТО во Брисел.

„Ерата на воена неутралност во нашата историја заврши и почнува нова ера, Членството на Финска во НАТО не е насочено против никого. Тоа не ги менува ниту основите или целите на надворешната и безбедносната политика на Финска.“, рече Саули Нинисто, претседател на Финска.

„Кога видоа дека претседателот Путин не само што ѝ се закануваше на Украина, туку и се закануваше на секоја нација во Европа која сака да донесе сопствена одлука дали ќе влезе во НАТО или не, тогаш Финска одлучи да се приклучи на Алијансата. НАТО станува посилна, Финска побезбедна со учество во Алијансата каде што ја гарантираме безбедноста на сите сојузници. Целите на НАТО не се да предизвика конфликт, туку да спречи конфликт, а секое недоразбирање или погрешна пресметка е опасна.“, рече Столтенбер