Алијанса за Албанците преку соопштение до медиумите тврдат дека синот на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко се подновил со нов луксузен автомобил, кое од партијата го проценуваат од 130.000 до 150.000 евра. Од фотографиите може да се забележе дека станува збор за автомобил од марката BMW, серија 740d.
„Додека ние, обичните граѓани, пренесуваме пораки на ЧЕСТИТКИ и РАДОСТА во чест на новогодишните и божичните празници, членовите на семејството на “БЕРМУДСКИ ТРИАГОЛНИК” – од Струга, на стружаните Среќна Нова 2023 година му ја честитаа со своите автомобили, новите модели од 2023 година, кои може да чинат од 130.000,00 евра до 150.000,00 евра“, велат од Алијанса за Албанците.
Од партијата дополнуваат дека за да купи таков автомобил, на еден работник со просечна плата од 400 евра му се потребни 30-тина години.
„За да се знае колку е деградирана една власт, доволно е да се погледне како живеат нивните наследници, кои без ниеден ден работа во животот му кажуваат на обичниот граѓанин колку се богати и силни, – чиста МИЗЕРИЈА и ДЕГРАДАЦИЈА“, пишува во партиското соопштение на Алијанса за Албанците.
Воедно, од партијата апелираат до стружани „да се освестиме и да престанеме со неоправданото богатење на околу 5 лица на сметка на 50.000 стружани и на штета на Струга“.
Фото: Алијанса за Албанците