(ФОТО) Нов фудбалски натпревар во кабинетот на Груби – ги одмери силите со Сорос

Спортувањето во кабинетот на министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кога гости му беа останати функционери од ДУИ предизвика бура реакции во јавноста минатата недела. Денеска тој објави фотографии како фудбал игра неговиот гостин Александар Сорос.

„Пријателски разговор околу актуелната политичка ситуација, европската перспектива на земјата и целиот регион со американскиот филантроп и Претседател на Фондацијата „Отворено општество“, г-дин Александар Сорос“, напиша Груби на својот Фејсбук профил.