Државниот пазарен инспекторат казнил трговски објект со 7.000 евра затоа што не ја почитувал мерката за замрзнување на лебот на 33 денари, објави на својот Фејсбук профил директорот Горан Трајковски.
„Извршени се над 100 надзори и контроли, повеќето трговци ги почитуваат Одлуките, освен еден економски субјект, каде е утврдено дека е прекршена Одлуката за замрзнување на цената на лебот до 33 денари, за што е издаден прекршочен платен налог во вредност од 7000 евра за правното лице и 350 евра за одговорното лице.
Инспекторите и понатаму се на терен и вршат контроли по основ на Одлуките донесени од Владата“, пишува Трајковски на Фејсбук.
Advertisements
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
„НЕ МОЖЕМЕ ДА ЖИВЕЕМЕ СО ВАКВИ МИЗЕРНИ ПЛАТИ“ - ќе го избркаат од Македонија и последниот ...
Синдикалната кошничка е зголемена за 4.500 денари - газдите да го одврзат ќесето барем за ...
Новогодишна кошничка со над 600 производи кои ќе поевтинат од 15 декември до 15 јануари
Нема да има промени во евтината тарифа за струја до пролет
„Не откривајте лични податоци“ - Народна банка предупредува на измамници со лажни профили ...