Функционерите на Демократски сојуз заминуваат од Владата – оставка поднесе Зоран Димитровски Жоро

Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски Жоро, кој доаѓа од редовите на Демократскиот сојуз, поднел оставка од функцијата и истата ја доставил до премиерот Димитар Ковачевски, објави „360 степени“. 

Оставката на Димитровски доаѓа по вчерашната одлука на партиските тела на Демократскиот сојуз, партијата да ја напушти владината коалиција и да премине во опозиција.

Демократскиот сојуз вчера информира дека и понатаму ќе иницира и поддржува реформи поврзани со евроинтеграциските процеси, со започнатиот скрининг процес, како и со законите кои се во интерес на граѓаните и на државата.

Advertisements

„Инаку, Демократскиот сојуз е против најавите за наводен фронт, сојуз за Европа и поделба на граѓаните и партиите кои се „за“ а кои се „против“ ЕУ, поради тоа што и Демократскиот сојуз, но и сите партии и граѓани се за Македонија што побрзо да стане полноправна членка на ЕУ“, велат од партијата на Павле Трајанов.