Растот на партијата е
Како што објаснуваат од партијата, тоа е клучен стратешки документ, кој ќе биде целосно достапен на јавноста, ја одредува партиската идеологија и истиот ќе биде рамка за следните изборни програми.
Новата политичка партија Македонски Концепт се декларираше како прогресивна десница, а за своја официјална идеологија – прогресивниот патриотизам.
На промоцијата свое обраќање имаше националениот тим лидер на Македонски концепт, Петар Богојески кој истакна дека големиот број на присутни на настанот е доказ дека граѓаните го согледале излезното решение, кое е уникатно и го нуди само таа партија и дека успехот им е на дофат со можност да се запишат со големи букви во македонската историја.
Свои обраќања имаа и д-р. Оливера Клинчарова, член на Извршниот Тим на Македонски Концепт, која ја истакна грижата за квалитет на живот на реалниот човек во земјава и м-р. Владимир Бангиевски, тим лидер на Политичката Академија на Македонски концепт, истакнувајќи ја важноста на новата Доктрина во која сите членови и симпатизери се убедени и веруваат.
Обраќања имаа и низа партиски тим лидери на повеќе партиски структури, вклучително и од дијаспората од САД и ЕУ, како добитници на Благодарници за нивното активно учество во процесот на регистрација на партијата.