Скопјанец на 23 годишна возраст пронајден мртов во фирма во Аеродром

МВР информира дека во фирма на булеварот „Србија“ бил пронајден починат Д.С.(23) од Скопје.

Случајот го пријавила Итната медицинска помош.

Лекарите констатирале смрт без траги на насилство и за настанот бил известен трудов инспектор.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.