Изборите под будно око на 1.078 домашни набљудувачи и 77 странски

Утрешното гласање, вториот круг за претседател и парламентарните избори ќе ги следат вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Акредитирани се 1.078 домашни набљудувачи, потоа 770 странски набљудувачи.

За меѓународните мисии се ангажирани 85 преведувачи.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи и 14 експерти, а од домашните, најмногубројни, или 752 набљудувачи се ангажирани од Здружението за развој на општествено-социјални иновации „Вејк ап“.

Изборите ќе ги следат и 138 набљудувачи од Парламентарното собрание на ОБСЕ, ад хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа со 33 набљудувачи, и 68 набљудувачи од Амбасадата на САД во Скопје.

Advertisements

Интерес има и кај медиумите, според ДИК за известување од изборите, акредитирани се 66 странски новинари.

Најголем е бројот од балкански и регионални медиуми, но и од Ројтерс, Асошиејтед прес, Ал Џезира, Франс прес.