Тешка сообраќајка во Влае, тројца повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае при што дошло до судир на две возила, од кои едното е преполовено од силата на ударот.

МВР информира дека  со возилата управувале 32-годишна скопјанка и 27-годишник, двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а другиот возач и неговиот сопатник се здобиле со телесни повреди.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје