Касами и Меџити: Наскоро, правосудниот испит ќе се полага и на албански јазик!

Во пресрет на протестот на албанските студенти кои бараат правосудниот испит да се полага на албански јазик, копретседателите на ВЛЕН, Билал Касами и Изет Меџити, напишаа на социјалните мрежи дека ова барање наскоро ќе биде исполнето.

Тие не прецизираат за што точно зборуваат, но велат дека ќе има добри вести.

„Испитот по право е и на албански јазик! Наскоро со добри вести…“, напиша кратко Касами.

Истата порака ја напиша и другиот копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити.