Денес за жал не напушти засекогаш нашата другарка Зорица Димовска Митева, објавија од струмичкиот огранок на СДСМ.
– Немаме зборови со кои може да ја опишеме тагата и празнината која ја чувствуваме сите ние. Зорица беше голем борец, одличен наставник, прекрасна мајка и сопруга.
Како дел од семејството на СДСМ таа секогаш зрачеше со позитивна енергија и широка насмевка, човек потсетеник дека и кога е тешко може да се препроди се со насмевка и позитивна мисла, стои во објавата.
Од раководството на партијата изразуваат длабоко сочувство до семејството. Почивај во мир Зорице.
Сочувство изрази и поранешниот градоначалник Костадин Костадинов.
– Другарка, борец, душа искрена во која имаше место за сите. Почивај во мир Зоре!




