„Лајка“ апелира граѓаните со донации да помогнат на кучињата

Од ЈП „Лајка“ испратија апел преку социјалната мрежа Фејсбук дека им се потребни ќебиња, прекривки, јамболии, јоргани, черги, чаршафи и пешкири.

„Доколку во вашите домаќинства имате некои од овие горенаведени работи, а се застарени и неупотребливи, не ги фрлајте, ДОНИРАЈТЕ ГИ во ЈП Лајка, бидејќи се повеќе од потребни за кучињата кои го поминуваат хуманиот третман“, се вели во апелот од ЈП „Лајка“.

Доколку граѓаните не се во можност да ги однесат во прифатилиштето, од „Лајка“ велат дека може да ги донесат на предновогодишен настан во петок, 23.12.2022 година, во кафе бар Младост од 19:00 – 00:30 часот.

Advertisements

„На овој настан ќе се дружиме со нашите шепасти пријатели, ќе има хуманитарен базар со новогодишни рачни изработки и ќе собираме донации за кучиња во ЈП Лајка. Потребни се ќебиња, тањирчиња, околувратници, поводници, играчки, универзални средства за чистење… Секој граѓанин може да дојде со својот миленик“, велат од „Лајка“.