(ВИДЕО) Зеленски пристигна во Бахмут, најжешката точка на целиот фронт

Претседателот на Украина Володимир Зеленски пристигна во градот Бахмут, соопшти прес-службата на претседателскиот кабинет, пренесоа украинските медиуми.

Во источниот украински град, Бахмут, Зеленски се сретна и разговараше со воениот персонал. Украинскиот претседател им додели признанија на дел од припадниците на армијата. Посетата на украинскиот претседател на фронтот има за цел да го задржи висок моралот на украинските бранители кои ја бранат својата територија од нападите на руската војска.

Advertisements

„Со секој ден на херојски отпор, нашите одбранбени сили и целиот народ на Украина се поблиску до денот кога Украина ќе постигне победа и мир“, рече Зеленски.

„Бахмут е најжешката точка на целиот фронт, на над 1300 километри активни воени дејства. Од мај окупаторите се обидуваат да го скршат нашиот Бахмут, но времето поминува и Бахмут ја разбива не само руската армија, туку и руските платеници кои доаѓаат да ја замени поразената армија на окупаторите“, рече Зеленски.

Тој информираше дека досега во војната во Украина загинале речиси 99.000 руски војници.

„Русија веќе изгуби речиси 99 илјади свои војници во Украина. Наскоро ќе има 100 илјади жртви на окупаторите. За што? Никој во Москва не може да одговори на ова прашање. И тоа нема да го направат. Водат војни и трошат животи на луѓе, на другите луѓе, не на нивните најблиски, не на нивните сопствени животи, туку на другите. Затоа што група во Кремљ не може да ги признае грешките и ужасно се плаши од реалноста. Но, реалноста зборува сама за себе“, рече Зеленски.