Филипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во Македонија, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.
Додека низ кулоарите во Европската Унија се разговара за пристап на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, вклучувајќи и Македонија како лидер во реформите и Планот за раст, Филипче и Радев бараат уставни измени за внесување на Бугари во Уставот.
Без никакви гаранции, без никаква заштита на националните интереси и без предвидливост на евроинтегративниот пат на Македонија кон ЕУ, Филипче и СДС со својот најлош рејтинг во историјата се борат за да направат ново предавство.
Филипче и СДС доколку се на власт, ќе потпишат дека Македонија е од 1945 година, а пред тоа сме биле Бугари.
Затоа Филипче и СДС се во опозиција, затоа што за власт, моќ, тендери и амнестија на криминалите, цела држава ќе ја продадат, додаде Лефков.


