Стево Пендаровски изминатиов период се однесува како аналитичар без да презема конкретни чекори. Често ќе го видите во јавност како ќе се залета па кога ќе добие по чело ќе ретерира 2-3 чекори назад, затоа што не му е важно дали ќе биде допадлив за народот, туку дали ќе биде допадлив за владата на ДУИ и СДСМ од која очекува поддршка за следен мандат, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при посетата на општина Аеродром, а во врска со годишното обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието.
Според Мицкоски, Пендаровски е срам за функцијата која ја врши и тој е ништо повеќе од партиски полтрон на позицијата претседател на Македонија.
– Државата тоне во инфлација, криминал и корупција, здравството е катастрофа, учениците немаат учебници, дојави на бомби секој ден, а тој се иззема од одговорност, иако има цела Агенција за разузнавање под негова ингеренција. Не сум слушнал никаков коментар, освен што ја следат опозицијата и мене лично дали воопшто прават нешто за да ја обезбедат безбедноста на граѓаните и Македонија, неговите кадри поставени во Агенцијата за разузнавање, потенцира Мицкоски.