Арбитражниот суд во Париз пресуди за договорот со ОКТА: Македонија треба да плати 25,6 милиони евра отштета

Арбитражниот суд во Париз пресуди против Македонија во спорот во кој некогашната грчка компанија „Хеленик петролеум“, а сега „Хеленик енерџ“, ја тужи нашата држава за непочитување на договорот за продажба на ОКТА.

Согласно пресудата, на грчката компанија ѝ се одобрени 80% од побаруваните 32 милиони евра отштета, односно државата ќе треба да плати пенали – обесштетување во висина од 25,6 милиони евра.

Advertisements

Станува збор за договор со кој Владата, предводена од тогашниот премиер Љубчо Георгиевски, во 1998 година се обврзала во наредните 20 години на годишно ниво да купува 500.000 тони нафта. Бидејќи такви количини се неколкукратно над потребите, ваквата обврска не била почитувана, што придонело за тужбата.

Според грчки медиуми, пресудата ќе го забрза поврзувањето на Грција и Македонија со нафтовод.