Македонски ученици без храна и вода со часови чекаат на унгарската граница – загрижените родители бараат МНР да интервенира

Околу 200 средношколци од скопската гимназија „Орце Николов“ повеќе од 10 часа останаа заглавени на граничниот премин Хоргош за влез во Унгарија, оставени без храна и со ограничена количина вода, пишува порталот СДК.

Учениците, вчера напладне тргнале на екскурзија до Братислава и Прага со 4 автобуси, но откако за еден час ја минале границата за излез од Србија кај Суботица, тие од синоќа од 23 часот беа заглавени во меѓуграничниот простор меѓу Србија и Унгарија, затоа што унгарските власти без објаснување не ги пропуштаа. Конечно, автобусите беа пропуштени околу 10 часот изутринава.

„Децата ни јавуваат дека унгарските гранични власти не им даваат никакво објаснување, никој не им одговара на прашањата, велат дека само поминуваат покрај нив и јадат. Децата се веќе прегладнети, а за секое користење на тоалетот им наплаќаат по едно евро“, велат загрижените родители во изјави за СДК.

Advertisements

Граничниот премин Хоргош е и влез во Европската унија и Шенген зоната.

Вознемирените родители кои се јавиле во САКАМДАКАЖАМ.МК бараат македонското Министерство за надворешни работи (МНР) да реагира за ова малтретирање на децата од унгарските гранични власти.