Министерството за внатрешни работи информира дека утрово во 5 часот во СВР Велес е пријавено дека во куќа на ул. „Васа Кошулчева“ во Велес настанал пожар, при што во една од просториите е пронајден починат Д.Н.(67) од Велес, кој живеел во куќата.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт како последица од пожарот. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Велес. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.
По насоки на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Advertisements
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Профитирале само од тендери - 10 компании за пет години добиле милијарда евра
Хрватска: По 80 евра за сите пензионери пред Божик
ВМРО-ДПМНЕ и Владата не поддржуваат зголемување на старосната граница за пензионирање
Грците и Бугарите се ујдисаа против Македонија и македонскиот јазик во Европскиот парламен...
„Немојте да станете жртви на политичари што фрлаат камен и ја кријат раката“ - Алтернатива...