Македонските знамиња утре на половина копје – Владата прогласи Ден на жалост по земјотресот во Турција и Сирија

Владата донесе одлука утрешниот ден, 13-ти февруари, понеделник, е прогласен за Ден на жалост како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција и во Сирија, на 6-ти февруари 2023 година.

„За време на утрешниот Ден на жалост, знамето на Република Северна Македонија, ќе биде истакнато на половина копје, во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство. Владата на Република Северна Македонија изразува длабоко сочувство за загубите, до целиот турски народ и до блиските на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија“, соопшти Владата.