„Маргинални политички фигури од Бугарија продолжуваат со провокации“ – МНР бара Софија да се огради

Министерството за надворешни работи (МНР) побара од официјална Софија да се огради од недоличните изјави на одредени, како што вели, маргинализирани политичари од Бугариј за време на чествувањето на 95-годишнината од смртта на Мара Бунева на Кејот на Вардар во Скопје.

„ МНР со големо внимание ги следи изјавите на одредени маргинални политички фигури од Р. Бугарија чии провокации продолжуваат, без притоа да водат сметка за напорите кои ги вложуваат двете држави за одржување на конструктивната соработка и позитивниот дух во билатералните односи меѓу двете држави.“

МНР, информира дека по дипломатски пат соодветно реагира до официјална Софија, во кое побара оградување од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на македонските граѓани и серизно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји.

Advertisements

Реакцијата на МНР доаѓа по изјавите на европратеникот Ангел Џамбаски, кој во центарот на Скопје ги повика „владејачките елити во Македонија да не ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната“.

На Фејсбук, Џамбаски напиша „Да живее обединетата и неделива бугарска нација, од Охрид до Црното Море и од Дунав до Белото Море. Да живее Бугарска Македонија. Да живее Бугарија!“