Мицкоски: Нема избори во 2026, ќе има редовни во 2028

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со неговата вчерашна изјава дека ќе има предвремени парламентарни избори, појасни дека годинава нема да се одржат избори.

„Има некои од партиите кои што се исплашија од таа изјава, јас следам. Но, мојот став вие го знаете. Мојот став е дека оваа година избори нема, оваа година е реформска и година на консолидирање. Јас би сакал да имаме редовни избори кои ќе се случат наскоро во пролета 2028 година. А дали 2027 година е опција, знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвено да оди на избори и да победи. Но, она кое што ние сега го правиме и го има нашиот фокус е тоа да испорачаме реформи и да ја зголемиме економската активност со што ќе го зголемиме и животниот стандард на граѓаните“, вели премиерот Мицкоски.

На прашањето која била целта на изјавата за предвремени парламентарни избори, Мицкоски посочи дека „едноставно такви се законите“ и „мора на секои 4 години да има редовни избори“.