МНР: Досега нема информации за повредени македонски државјани во несреќата во Грција

Во врска со трагичната железничка несреќа, која што синоќа се случила близу градот Лариса во Грција, МНР информира дека досега ниту до Министерството, ниту до нашите дипломатско конзуларни претставништва не е стигната информација дека меѓу загинатите или повредените во несреќата има и македонски државјани.

„Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во комуникација со надлежните органи во Грција, од каде чекаме и официјални информации за состојбата околу трагичната несреќа.

Министерството останува отворено за реакција на барање на наши државјани, кои поради било какви причини предизвикани од несреќата им е потребна итна асистенција.

Advertisements

Информираме дека нашите контакти се отворени 24 часа, а на располагање се три телефонски броја на нашите дипломатски претставништва во Грција: +30 6655191321 во Атина; +30 6987200410 во Солун; како и СОС телефонот на МНР во Скопје +38975273732“, велат од МНР.