Скопската полиција истражува напад на сопственик на угостителски објект во Скопје кој бил пријавен вчера во 19.55 часот.
Според пријавата во СВР Скопје пред угостителски објект на улицата Аминта Трети, едно лице физички го нападнало сопственикот на објектот С.Т.(56) од Скопје. Напаѓачот при тоа употребил тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден во 22.30 часот во скопската полиција , Д.С.(35) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот на булеварот Илинден бил физички нападнат од две лица.
Уште една тепачка вчера се случила во Скопје. Скопјанецот А.Ц.(52) пријавил дека на улицата Методија Андонов Ченто бил физички нападнат од три лица. Се работи на расчистување на случајот.
МВР исто така информира дека во 14.50 часот вчера во СВР Скопје било пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Е.(26) и Д.Ф.(35), двајцата од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.