Ќе бидат наградени полицајците кои се погрижија за достојно чествување на роденденот на Гоце Делчев

Полициски службеници кои во саботата се погрижија за достојно чествување на 151-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев, ќе бидат наградени со додаток за работна успешност во висина од 10 проценти од основната компонента на платата на работникот, за што средствата се обезбедени во Буџетот на МВР, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Како министер за внатрешни работи го искористив правото што ми го дава Колективниот договор на МВР ( чл.160, 161 и 162) и на денешната седница ѝ предложив на Владата, која го усвои заклучокот за исплата на додаток за работна успешност од 10 проценти на припадниците на македонската полиција кои беа ангажирани на терен на 4 февруари“, напиша Спасовски на својот профил на Фејсбук.

Advertisements