Заменичката на министерот на здравство, Д-р Маја Манолева, не се согласува со одлуката и начинот на кој беше разрешен директорот на Клиниката за кардиохирургија, проф.-д-р Сашко Јовев.
Д-р Јовев денеска ги повика министерот и владата да ја преиспитаат одлуката за разрешувањето, а политиката да се тргне настрана.
„Овој тим е пример за вистински мултиетнички колектив. Го повикуваме уште еднаш министерот и Владата да ја преиспитаат одлуката за разрешување, цврсто стоиме на ставот дека тимот кој победува не се менува, да ја оставиме политиката на страна и да ги оставиме професионалнците да си ја вршат работата. Успесите на оваа клиника се и државни успеси. Сакам да кажам дека на оваа клиника се работи 24/7. Една од замерките е дека некој не се откуцал со картичка оти бил расипан апаратот и сме немале време да го поправиме. Па ако колегите се откуцуваат колку што работат, нема да можеме да ги платиме“, рече Јовев.