Петковски: Се надевам дека ДУИ мисли на Фатмир Битиќи дека е „Тој кој доаѓа“

Неофицијалната кампања што ја започна ДУИ под слоганот „Да! Тој доаѓа“, денеска ја разбранува македонската јавност, на својот Фејсбук профил се огласи и поранешниот лидер на НСДП и собраниски спикер Тито Петковски.

„Читам: ‘Да! Тој доаѓа’ е новиот слоган на ДУИ со кој се најавува првиот премиер Албанец. Се надевам дека мислат на Фатмир Битиќи, заменик на премиерот за економски прашања. Покомпетентен, постручен, поспособен и поодговорен член на Владата во овој момент не постои. Освен тоа, Албанец е по етничка припадност. Токму онаков каков што бара ДУИ”, пишува Петковски.