Ова морничаво видео е снимено во Србија на патот околу Мионица од страна на мотоциклист.
Како што изјави овој возач на мотор за српскиот портал Нова, се движел позади автомобилот и забележал дека возилото се движи неправилно, вртејќи лево-десно. Се обидел да го претекне автомобилот предупредувајќи го возачот со сирената, но дури кога успеал, на делот од патот каде што било дозволено, имал што да види додека поминувал – возачот држел мало дете на својата скут и зборувал на мобилен телефон.
View this post on Instagram