Почина новинарот Саше Димовски

По долги и тешки здравствени компликации, на 47-годишна возраст почина новинарот Саше Димовски, кој во јавноста беше познат по следењето на случувањата во правосудниот систем.

Димовски беше претседател на Советот на честа на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Димовски работеше во телевизиите Канал 5, Сител и Алфа, беше основач на порталот Сведок.мк и соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството.

Тој беше автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.

Advertisements

Погребот ќе се изврши в среда, 7.8.2024 година, на новите Градски гробишта во Велес.