Со голема тага ве известуваме дека почина нашата почитувана и драга професорка, д-р Aнета Бучковска, извести Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).
Посмртните останки на починатата Бучковска ќе бидат изложени во капела на Градските гробишта Бутел, утре во 11 часот.
„Со неверување утрово ја слушнав тажната вест. Со мојата колешка Анета, не примија во ист ден на работа и знам колку вреден, траен белег остави на Електро и Феит. Сочувство до семејството, почивај во мир колешке… – напиша Јани Макрадули на Фејсбук.
Анета Бучковска беше поранешна сопруга на поранешниот премиер Владо Бучковски.
ФЕИТ ќе организира комеморативна седница за која ќе има дополнително известување.