Борел: Косовските Срби веднаш да ги отстранат барикадите

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека „ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС на Косово“, како и насилство и злосторства на северот и ги повика косовските Срби веднаш да ги отстранат барикадите.

„Групите на косовските Срби мора веднаш да ги отстранат барикадите. Мирот мора да се врати“, напиша Борел на својот Твитер профил.

Advertisements

Тој додаде дека ЕУЛЕКС ќе продолжи да се координира со косовските власти и КФОР.

„Сите актери мора да избегнуваат ескалација“, напиша Борел.

Главните патишта на северот на Косово од вчера се блокирани, а административните премини Брњак и Јариње се затворени за возила и за пешаци.

Блокади на патиштата поставија Србите од северот на Косово во саботата по апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ, а косовската полиција соопшти дека Брњак и Јариње се привремено затворени како мерка на претпазливост.