Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, соопштуваат од МВР.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 248 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 19 мерки за користење мобилен телефон при возење, 11 санкции за некористење сигурносен појас, 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).
МВР најавува дека сообраќајните контроли ќе продолжатт и во наредните денови, воедно апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.