Уставните измени се важни за членството во ЕУ кое значи бројни придобивки за граѓаните и тоа може само да ја зајакне Македонија. Очекувам некаде во мај да почне процедурата во Собранието, рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за емисијата „Патот кон“ на Алсат М телевизија.
„Со заокружување на процесот на реконструкција на Владата очекувам да отпочнат јавно разговори за и околу јавната широка дебата за уставните амандмани. Практично да се отвори дискусија и со пратениците и со стручната фела и со јавноста, да се објасни на граѓаните што значат тие амандмани, дека тоа значи делови од народи, дел од Хрватите, Бугарите, Црногорците, да влезат во уставот. Да се објасни и да се дискутира со стручната фела како тие амандмани најдоборо може да изгледаат, но и да се објасни дека тоа може само да ја зајакне Македонија, не може да ја ослабни. Доколку се движи според очекуваното темпо, јавната расправа и вклученоста на граѓаните и стручната фела во целата дискусија, можеби е за очекување некаде во мај да почне процедурата во Собранието“, рече Богоев.